| четврток, 6 декември 2018 |

Во Лазарат уништени над 65 тони марихуана

Албанскaта полиција ја продолжува акцијата во селото Лазарат, познато како фабрика за марихуана, но како што се чини им нема крај на запленувањата на дрога и оружје.

Полициската статистика потврдува дека во седумнаесетдневната акција запленети се и уништени над 65 тони марихуана, над 130 илјади стебла на марихуана и околу 500 парчиња разновидно оружје, уапсени се 37 лица заради напад со оружје врз полицајците, производство и продажба на наркотини средства.

Кривична пријава заработи и градоначалникот на Лазарат.

Полицијата заплени денеска и 32 килограми преработена марихуана „во форма на чоколадо“, која полицијата ја пронашла оставена во пластична вреќа.

Исто така денеска се запленети и четири автоматски пушки, пиштол, 2810 куршуми, како и два пакета со експлозив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top