Албанскaта полиција ја продолжува акцијата во селото Лазарат, познато како фабрика за марихуана, но како што се чини им нема крај на запленувањата на дрога и оружје.
Полициската статистика потврдува дека во седумнаесетдневната акција запленети се и уништени над 65 тони марихуана, над 130 илјади стебла на марихуана и околу 500 парчиња разновидно оружје, уапсени се 37 лица заради напад со оружје врз полицајците, производство и продажба на наркотини средства.
Кривична пријава заработи и градоначалникот на Лазарат.
Полицијата заплени денеска и 32 килограми преработена марихуана „во форма на чоколадо“, која полицијата ја пронашла оставена во пластична вреќа.
Исто така денеска се запленети и четири автоматски пушки, пиштол, 2810 куршуми, како и два пакета со експлозив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.