| четврток, 6 декември 2018 |

Саркози: Случајот против мене е политички

Поранешниот претседател Никола Саркози изјави дека францускиот судски систем се користи за “политички цели”, откако тој беше ставен под формална истрага за вршење влијание врз судија. Се тврди дека Саркози барал инсајдерски информации од судија за истрага за нелегално финансирање на кампањата.
Во телевизиското интервју, Саркози негираше извршување на било какво незаконско дело.
Тој рече дека е “гротескен” случајот против него и дека бил наменет да го понижи и да му наштети на неговиот углед.
Г-дин Саркози беше уапсен во вторникот на испрашување – тоа е прв пат поранешен француски шеф на државата да се држи во полициски притвор. Дописникот на Би-Би- Си во Париз, Хју Шофилд, вели дека обвинувањето на Саркози е дека елементи на левото крило во судството се обидуваат да го урнат и да се спречи неговото враќање во политиката.
Противниците на поранешниот претседател велат дека неговиот контра-напад е типичен за него и е обид да се одврати вниманието од обвиненијата, јавуваат дописниците на светските медиуми.
Интервјуто, кое беше снимено за ТФ1 телевизија и Радио Европа 1, беше емитувано во среда навечер. Во него Саркози изјави: “Ситуацијата е доволно сериозна за да му кажам на францускиот народ каде стоиме денес на политичката експлоатација на дел од правниот систем. Јас им велам на сите оние кои се слушаат или гледаат дека никогаш не сум ги предал и никогаш не сум извршил дело против принципите на Републиката и владеењето на правото.”
Саркози рече дека е “длабоко шокиран” од истрагата и тој го обвини Синдикатот Syndicat de la Magistrature дека се обидува да го уништи.
“Сè ​​што е направено е за да ми се наштети на репутацијата, со обвинувања кои не се точни”, рече тој.
Саркози додаде: “Во нашата земја, која е земја на човековите права и владеењето на правото, постојат работи кои се организирани.
Французите треба да знаат што се и според совеста и слободата, да судат што да прават со тоа.”

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top