Драган С.(62) од Белград денес се качил на Стариот мост на Сава со намера да скокне од него. На лице место е полицијата која преговара со него.
Според пишувањата на српските медиуми Драган претходно избегал од болница, а неофицијално тој бил онколошки пациент и избегал од одделението за хирургија од болницата. Во намерата да скокне од мостот се обидуваат да го разубедат двајца преговарачи од српската полиција.
Пожарникарите веќе подготвиле два балони за спасување, а речната полиција чекаше во готовност со два нископрофилни чамци.По неколку часа преговори, човекот сепак се симнал од мостот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.