| четврток, 6 декември 2018 |

Афлатоксинот во Србија вратен на европскиот стандард

млекоНивото на афлатоксин во млекото во Србија од 1 јули е вратено на европскиот стандард од 0,05 микрограмови по литар, јавија белградски медиуми повикувајќи се на извештај во Министерството за земјоделство и заштита на животната средина.

Со Правилникот со кој е утврдено нивото на афлатоксин во млекото, потврдено е дека се намалува за десетпати– од 0,5 на 0,05 микрограмови по литар.

Враќањето на нивото на афлатоксин на ЕУ стандарди, најави во почетокот на годината поранешниот министер за земјоделство Драган Гламочиќ и притоа потпиша правилник со кој се регулира таа област.

Владата на Србија во почетокот на 2013 година ја зголеми дозволената количина на афлатоксин во млекото за десетпати откако во есента 2012 година беше утврдено зголемено ниво на тој отров во пченката со која се хранат крави. Зголемено ниво на афлатоксин подоцна е утврдено и во млакото поради масовна исхрана на крави со несоодветна пченка. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top