Нивото на афлатоксин во млекото во Србија од 1 јули е вратено на европскиот стандард од 0,05 микрограмови по литар, јавија белградски медиуми повикувајќи се на извештај во Министерството за земјоделство и заштита на животната средина.
Со Правилникот со кој е утврдено нивото на афлатоксин во млекото, потврдено е дека се намалува за десетпати– од 0,5 на 0,05 микрограмови по литар.
Враќањето на нивото на афлатоксин на ЕУ стандарди, најави во почетокот на годината поранешниот министер за земјоделство Драган Гламочиќ и притоа потпиша правилник со кој се регулира таа област.
Владата на Србија во почетокот на 2013 година ја зголеми дозволената количина на афлатоксин во млекото за десетпати откако во есента 2012 година беше утврдено зголемено ниво на тој отров во пченката со која се хранат крави. Зголемено ниво на афлатоксин подоцна е утврдено и во млакото поради масовна исхрана на крави со несоодветна пченка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Дали вашето тело не поднесува млечни производи: Не би ги препознале овие 7 симптоми
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Две жени се истепаа за евтино пилешко, маж купи 500 кила шекер (видео)