| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје: Во Градски парк автокино

автокино

Во рамките на фестивалот „Поп ап кино“ организиран од Американската амбасада вечерва во 20 часот ќе се одржи автокино. На паркингот меѓу Градски парк и хотелот „Александар палас“ под отворено небо ќе биде прикажан филмот „Гран Торино“ во режија на Клинт Иствуд.

Идејата на филмскиот фестивал „Поп ап кино” е на некоја невообичаена локација во Скопје да прикажува по еден американски филм. Преку филмски проекции, фестивалот сака да ја истакне моќта на различноста и заедништво во општеството, обработувајќи ги темите на толеранција и пријателство.

Фестивалот прикажува по еден филм секоја среда во јуни и јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top