Дејвид Бекам едноставно не старее. Овој пат за новата фотосесија без маица, во долна облека, со совршено тело.
Тој стана заштитно лице за долна облека на модната куќа „H&M“. И додека некои ќе го гледаат во долната облека, поголемиот дел од женската популација не ќе може очи да тргне од неговото совршено тело.
Фотографиите ги дополнува неговата наизглед несредена фризура, која го зајакнува сексипилот, а тетоважите одамна се составен дел од стилот на Бекам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.