Општина Гази Баба ја продолжува соработката со Клиниката за детски болести од Скопје. По досега неколкуте успешно реализирани проекти, денес градоначалникот Тони Трајковски донираше јоргани и перници за одделенијата на детската клиника, со вредност од околу 50 илјади денари.
-Ова се средства кои општината ги собра од одредени културни активности и донации, а целта е да дадеме придонес за подобрување на условите во Детската клиника. Би сакал да упатам апел, сите институции што можат да направат вакви активности, бидејќи секока донација на било која Клиника ќе биде од голем придонес за подобрување на условите. Воедно, ние сите заедно имаме обврска да работиме за подобри услови на нашите граѓани, истакна Трајковски.
Директорката на Клиниката Аспазија Софијанова, изрази огромна благодарност до општината Гази Баба која традиционално ја покажува општествената одговорност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Кампањата „Подарено срце“ донесе медицинска опрема за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет
-
Детска клиника доби апарат што ќе го олесни дишењето кај предвреме родените бебиња