Ирак побарал воена помош од други држави за да може да се бори со џихадистичките бунтовници, соопшти амбасадорот на оваа земја во САД Лукман Фајли.
Како што јавуваат американските медиуми, дипломатот објаснил дека Багдад не може повеќе да ја чека дополнителната помош од Америка.
Фајли изјави дека има можност Ирак да прифати помош од Иран.
Багдад прифати воено-воздухопловна помош од Русија.
САД досега не изразија подготвенст да изведат воздушни напади во Ирак, но и не ја исклучија оваа варијанта за дејствување, забележаа американските медиуми.
Амбасадорот Фајли, меѓутоа, подвлече дека Ирак има очајна потреба од американска помош за да се избори со настапувањето на исламистичката група „Исламска држава во Ирак и Левантот“, која во текот на викендот прогласи „Исламска држава“ и калифат во областите од Ирак и Сирија што таа ги контролира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.