Големата свадбена прослава на Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ е закажана за 9 и 10 јули. Мeдиумите од неговата родна Србија нема да можат да присуствуваат на церемонијата и на прославата. Дури и фотографиите ќе треба да ги преземат од странските медиуми на кои ќе им биде дозволено да ја пренесат атмосферата од свадбата.
Церемонијата ќе се случи на црногорскиот остров Свети Стефан, а сите кои учествуваат во организацијата имаат потпишано договор преку кој ја гарантираат нивната дискреција, зашто во спротивно ќе платат голема парична казна. Јелена и Новак внимателно ги испланирале сите детали во врска со големиот ден во нивниот живот. Па така светските медиуми кои ќе ја овековечат свадбата во целост за истото имаат исплатено неколку стотини илјади евра што ќе бидат доделени за хуманитарни цели во фондацијата на тенисерот.
За вработените на најлуксузното летувалиште на Јадранот, односно оние кои ќе бидат задолжени со обврски на венчавката, има посебни правила. Употребата на мобилните телефони е дозволена само надвор од салата во која ќе се случува забавата. Според информации на странските медиуми, веќе сѐ е подготвено за свадбата, а познато е и тоа дека младенците во Црна Гора ќе стигнат од Лондон.
Засега не се знае кои ќе бидат музичарите што ќе ги забавуваат, но, според агендата на организаторите, тие треба да пристигнат два дена порано заради пробите. Засега сѐ уште се нагодува дека сведок пред матичарот ќе биде тенисерот Виктор Троицки, кој со младоженецот е пријател како на теренот така и приватно. Познати се фактите дека свадбата ќе трае два дена, гостите како подарок ќе даваат пари кои ќе бидат наменети за хуманитарни цели, поканети се 150 гости, од кои 50 се ВИП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.