| четврток, 6 декември 2018 |

Од вчера тече обврската за исплата на К-15

 broenje pari

Вработените во приватниот сектор од вчера имаат право на исплата на регрес за годишен одмор или К-15. Рокот за исплата на надоместот стартува од вчера и ќе трае до крај на годинава. Минималниот износ е 8.400 денари, но, фирмите можат да одлучат да исплатат и поголема сума. Според последните измени на Општиот колективен договор за стопанството, кои стапија во сила од 1. јануари годинава, а имаат важност од две години, надомест ќе може да земат само оние лица кои се вработени кај ист работодавец најмалку 6 месеци во една календарска година, објави Лидер.

Измените на Општиот колективен договор за стопанството настапија, откако на крајот на 2013 година Организацијата на работодавци и Сојузот на синдикатите на Македонија се договорија износот да изнесува најмалку 40 проценти од просечната нето-плата во земјава.

-Ги охрабруваме компаниите да го спорведат законот за да не сносат казни. Во спротивно ќе бидат принудени сепак да го исплатат регресот и плус да ја платат казната. Ние сепак, како организација ќе поднесеме барање за промена на колективниот договор. Многу од компаниите и наши но и членки на други асоцијации изразија негодување дека не им било планирано со минатогодишниот бизнис план исплатата на регресот и дека ќе се соочќат со потешкотиии – вели Миле Бошков од Конфедерацијата на работодавачи за Лидер.

Доколку не биде исплатено К-15 следуваат казни од 3.000 до 4.000 евра. Правното лице ќе заработи казна од 2.000 до 3.000 евра, додека за одговорното лице кај работодавецот се предвидени казни од 500 до 1.000 евра.

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски за Лидер вели дека исплатата на регресот ќе се одвива без проблем.

-Нашата проценка е дека нема да има проблеми со спроведување на мерката. Дури и кај трудоинтензивните гранки, како што кожарската, текстилната индустрија кои имаат пробеми со исплата, изјавија дека нема да им биде трошок. Тоа е отприлика 700 денари месечно. Ќе имаме активен ангажман во делот на контроли на фирмите и мислам дека нема да има проблемии – вели Митревски.

Синдикатот и Министерството за труд и социјална политика ќе реагираат доколку не биде исплатен регресот за годишен одмор и доколку има екстремни појави и од работниците се бара враќање одредена сума.

Законот за работните односи предвидува работникот на кој нема да му биде исплатен регресот да може со тужба пред надлежниот суд да бара заштита на правата од колективниот договор, но ако претходно со помош на арбитражата од страна на синдикатот, а и со трудова инспекција не се успее да се натера газдата да ги почитува законските одредби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top