Многу жени пред венчавката се оптоварени со сè и сешто запоставувајќи го идниот маж во целост. Фризурата, шминката и чевлите сигурно не се поважни од човекот со кого треба да го поминете остатокот од животот, па не е лошо да застанете за момент и да размислите за овие важни прашања на кои морате да одговорите пред да го изговорите судбоносното „да“.
Не е само венчавката, важен е човекот за кој е мажите
Индустријата за венчавки е толку засилена што невестите се сосема опседнати со венчаниците и со сите најситни детали што ги планираат со месеци наназад. Во тоа бунило и во моментот кога сите ќе гледаат во нив бидејќи се најубави на свет, невестите забораваат дека венчавката трае само еден ден, а бракот треба да трае цел живот. Не се фокусирајте само на денот на венчавката, размислувајте за човекот за кого се мажите.
Ако не ви е привлечен, никогаш и нема да ви биде
Брачниот советник Линдзи Елисон објаснува дека многу жени стапуваат во брак без страст и затоа што се со пратнерот веќе со години или тој подобро ги разбира од сите оние претходно. За време на разговорите со жени што се несреќни во брак токму поради непостоење на привлечност, сфатила дека страста со годините згаснува до крај, а врската останува без секс и задоволство. Привлечноста е голем дел од секоја врска и ако недостига на почетокот, сигурно нема да се врати за време на бракот.
Најдобри пријатели пред венчавката
Пред венчавката и посветување на сериозна врска најчесто носиме розови очила и не се оптоваруваме со проблеми како кредит за стан или одгледување деца. Но сето тоа кога-тогаш доаѓа на дневен ред и тогаш се искажуваат вистинските карактери. Ако идниот маж не ви е најдобар пријател пред сериозните проблеми, кои едноставно се неизбежни, врската потешко ќе ги преживува сите предизвици што доаѓаат
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.