Полициската станица од Кичево против А.А. (55) од кичевското село Горно Строгомиште поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство во обид“. На А.А. му е одредена мерка притвор до 48 часа.
На 28-ми минатиот месец, пријавениот со намера да го лиши од живот, испукал еден куршум кон И.С. од селото Зајас нанесувајќи му тешка телесна повреда огнострелна рана во пределот на левата надколеница. Настанот се случил околу 12 часот на улицата „Маршал Тито“ во Кичево каде откако се сретнале, дошло до жестока меѓусебна расправија и физичка пресметка по што А.А. извадил пиштол марка „Црвена застава“ калибар 7,65 милиметри што го поседувал со одобрение и испукал еден куршум. Набрзо потоа, тој е приведен во полициската станица во Кичево.
На лице место извршен е увид во присуство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Гостивар и полициски службеници и полициски службеници од полициската станица од Кичево. Притоа пронајден е пиштолот како и една чаура огнено оружје кои се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)


