| четврток, 6 декември 2018 |

ДНК од непознат вид содржан во човечкиот ген

днк

Резултатите од генетските анализи на фрагментите од коските на денисовците и неандерталците откриваат нови интересни податоци за нашата не така
одамнешна еволуција. Тие наведуваат на заклучок дека со современиот хомо сапиенс, покрај денисовците и неандерталците се вкрстувале и припадници на четврт вид хомини.
Група генетичари кои ја проучуваат човечката еволуција ги претставила најновите резултати минатата недела на состанокот на лондонското Кралско друштво, кое се занимава со унапредување на знаењето во областа на природите науки.
Неандерталците се исчезнати пред 200.000 години. Нивните остатоци се пронајдени насекаде низ Европа и во централниот дел на Азија. Иако степенот на развиеност не бил на ниво на хомо сапиенс, кој исчезнал отприлика во исто време, научниците претпоставуваат дека станува збор за првите хомини кои носеле облека, ги погребувале мртвите и го учеле сопствениот јазик.
Сите сознанија за денисовците се основаат на фрегментите од коски кои се пронајдени во една пештера, остатоците потекнуваат од периодот пред 30.000-50.000 години.

Научниците претпоставуваат дека третиот вид хомини кој се вкрстувал со хомо сапиенс потекнува од Азија, овој факт треба да се потврди со ново истражување, за кое се надеваат дека ќе овозможи да се иденитификува непознатата популација со која подобро ќе разбереме како сме настанале тоа што сме денес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top