| четврток, 6 декември 2018 |

Рено усмрти велосипедист

Велосипедист бил смртно повреден синоќа околу 19.20 часот додека се движел по булеварот Маршал Тито во Прилеп.

Полицијата за сега не го знае идентитетот на човекот кој добил тешки повреди на черепот откако бил удрен од автомобил рено сафран со прилепски таблички со кој управува 54 годишниот прилепчанец М.Т.

Повредениот маж најпрво бил пренесен во прилепската болница, но поради сериозноста на повредите бил пренесен на скопските клиники каде што утрово починал.

По извршениот алко тест, полицијата утврдила дека возачот на автомобилот имал 0.25 промили алкохол во крвта.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top