Audi A4 повторно e најдобар во сите класи според извештајот на DEKRA за користени автомобили. Ова возило е на врвот во севкупниот пласман според извештајот на DEKRA, место кое Audi го зазема петти пат. Извештајот 2012 на DEKRA се однесува за користени автомобили со најниска стапка на грешка. Моделите А1, A5, ТТ и Q5 се на врвот во соодветните сегменти.
-Секоја година, експертите на DEKRA ја доделуваат титулата „Најдобар во сите класи” на моделот кој има најниска стапка на грешка минувајќи низ три километражни нивоа. Од 2008 година, откако се спроведува истражувањето на сите брендови, автомобилите на Audi се најсигурни и имаат најмалку недостатоци. Ова е втора титула “Најдобар во сите класи” за Audi A4, додека пак Audi А6 оваа титула ја добиваше од 2008 до 2010 година. Титулата го потврдува импресивниот долгорочен квалитет на автомобилите од брендот со четири прстени – велат од Ауди.
Како дел од извештајот за користени автомобили, кој претходно беше познат како извештај за грешки, организација DEKRA го тестира и испитува квалитетот и безбедноста на возилата. Вкупно се испитуваа 15 милиони автомобили поделени во осум различни категории, за секој автомобил DEKRA прави посебен профил со грешки во три километражни нивоа. Моделот кој има најдобар просек во трите нивоа се прогласува за „Најдобар во сите класи.”
Audi А1 е на врвот во класата под 50 000 километри, а Audi А5, ТТ и Q5 се на врвот во класата од 50.000 до 100.000 километри во соодветните сегменти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.