Претседателот на Долниот Дом на рускиот парламент, Сергеј Наришкин, побара ново примирје во источна Украина.
Тој својот повик го упати откако украинскиот претседател Петро Порошенко го најави прекинот на примирјето во овој дел од земјата и обновување на операцијата на силите за безбедност против проруските сепаратисти.
– Во Украина е неопходно реално примирје за да почне дијалог, а не операција за прикривање на прегрупирањето на војската – изјави Наришкин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.