Резултатите од генетската анализа на фагменти од коски на неандерталци и денисовци откриваат нови интересни податоци за еволуцијата на човекот. Според научниците што работеле на истражувањето, со современиот хомосапиенс, освен денисовци и неандерталци со вкрстувале и припадници на неидентификуван четврт вид хомини.
Групата еволуциони генетичари ги претставија најновите резултати минатата недела на состанок во Лондон. Неандерталците настанале пред 200.000 години. Нивните остатоци се најдени во Европа и во централна Азија. Иако степенот на нивниот когнитивен развој не бил на ниво на хомосапиенсите, кој настанал во речиси исто време, научниците претпоставуваат дека станува збор за хомини кои носеле облека, ги погребувале мртвите и се образувале со сопствениот јазик.
Сите сознанија за денисовците се засноваат на фрагменти коски откриени во една пештера од периодот пред 30.000- 50.000 години.
Научниците претпоставуваат дека третиот вид хомини со кој се врстувал хомо сапиенсот биле од Азија, но тоа треба да се потврди со нови истражувања кои, како што се надеваат, ќе овозможат идентификација на непозната популација за да можеме подобро да разбереме како станавме тоа што сме денес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.