Претседателот на Европската комисија (ЕК), Жозе Мануел Баросо, по денешните средби со албанскиот државен врв и лидерот на најголемата опозициска, демократска партија, упати силна порака, како за власта така и за опозицијата.
– Најдете консензус и продолжете со реформите. Не ја политизирајте борбата против трговијата со наркотични средства. Добивањето кандидатски статус е голем успех на Албанија, но тоа бара максимално ангажирање и исполнување на обврските кон Унијата, истакна Баросо.
Барозо, кому ова му е втора посета на Албанија по осум години и чиј мандат е пред завршување, се обрати и пред Парламентот.
– Треба да работите заедно, посебно треба максимално ангажирање против корупцијата и спроведувањето на реформи во судството. Ние секогаш ја поддржуваме вашата земја и земјите од регионот, но критериумите треба да се исполнат. Без Југоисточна Европа ЕУ не може да се нарече обединета. Од Тирана до Сараево, од Белград до Приштина, луѓето гледаат спас во ЕУ, посочи Баросо.
Тој ја поздрави одлуката на албанскиот премиер Еди Рама да го посети Белград и да се сретне со српскиот премиер Алекдандар Вучиќ, што Рама му ја соопштил за време на средбата.
Српскиот премиер Вучиќ вчера упати честитка до Рама за добиениот кандидатски статус истакнувајќи оти се надева на средба со Рама во Белград, која би се случила оваа есен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Рама гаѓан со чевел: Го нападнале демонстранти, полицијата спречила поголем инцидент (Видео)
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Рама до полицијата: Политиката оставете ми ја на мене, вие бидете ефикасни