Патролирање на мобилни екипи составени од лекар низ Скопје, дистрибуирање на вода, флаери со совети, мерење на притисок на граѓани кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешки случаи ќе биде обезбеден и транспорт, се дел од активностите на Црвениот крст на Скопје кои се планираат во случај на топлотен бран.
Како што информираат од Црвениот крст, за активностите ќе бидат ангажирани 40 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи, 10 волонтери од тимот за спасување на планина и пет возила од кои три ќе патролираат низ градот, а две на Водно и Матка.
На телефонскиот број 32 21 902 кој функционира од 16 јуни од 10 до 18 часот, дежурни волонтери даваат совети и корисни информации поврзани за превенција од евентуални несакани последици по здравјето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.