Во текот на летниот период граѓаните имаат можност да аплицираат за производите и услугите на ТТК банка со пониски трошоци и по поволни услови.
Тоа се однесува, пред сè, на потрошувачките и на станбените кредити на ТТК банка со ниски каматни стапки, кредитна картичка „виса класик“ без членарина за првата година, електронско банкарство без надомест за приклучок, како и атрактивни пакети за известување преку СМС/е-пошта.
Ненаменскиот потрошувачки денарски кредит „премиум смарт“, ТТК банка го нуди со најниска фиксна каматна стапка од 6,3 проценти во првата година, односно 8,3 проценти приспособлива годишна каматна стапка за другит период, и тоа без жиранти за износи до 600.000 денари, во зависност од месечните примања.
Дополнително, супер станбениот кредит ТТК Банка го нуди со атрактивна фиксна каматна стапка од 4,9 проценти во првите три години, односно 6,3 проценти приспособлива годишна каматна стапка за другиот период со само 10 проценти сопствено учество, без трошок за процена за првата година и грејс период до 12 месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе се ограничи годишната стапка на вкупни трошоци на потрошувачките кредити
-
Иван влегол во банка да плати кредит, но ѝ го загорчил животот на службеничката
-
Прилепчанец направил хаос во банка: Му сметала климата, се расправал со вработените, буткал се пред себе
-
Македонките земаат кредити за да стават силиконски гради и задник



