| четврток, 6 декември 2018 |

Поволна летна понуда од ТТК банка

ttk-banka1

Во текот на летниот период граѓаните имаат можност да аплицираат за производите и услугите на ТТК банка со пониски трошоци и по поволни услови.

Тоа се однесува, пред сè, на потрошувачките и на станбените кредити на ТТК банка со ниски каматни стапки, кредитна картичка „виса класик“ без членарина за првата година, електронско банкарство без надомест за приклучок, како и атрактивни пакети за известување преку СМС/е-пошта.

Ненаменскиот потрошувачки денарски кредит „премиум смарт“,  ТТК банка го нуди со најниска фиксна каматна стапка од 6,3 проценти во првата година, односно 8,3 проценти приспособлива годишна каматна стапка за другит период, и тоа без жиранти за износи до 600.000 денари, во зависност од месечните примања.

Дополнително, супер станбениот кредит ТТК Банка го нуди со атрактивна фиксна каматна стапка од 4,9 проценти во првите три години, односно 6,3 проценти приспособлива годишна каматна стапка за другиот период со само 10 проценти сопствено учество, без трошок за процена за првата година и грејс период до 12 месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top