Стотина куќи во струмичко Дабиле утрово останаа под вода откако се излеа помошниот канал на реката Струмица.
Ситуацијата е алармантна, а на помош се упатила и струмичката противпожарна единица која ги евакуирала постарите жители од поплавените домови.
Водениот бран надошол утрово околу 6.30 часот, а биле потребни само неколку минути за да го поплави селото.
На терен се и претставници на локалната самоуправа, меѓу кои и градоначалникот Зоран Заев за да ја утврдат штетата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.