| четврток, 6 декември 2018 |

По несреќата кај „Богородица“: Белгиецот-возач не знае дека жената му загинала

mapa preminТешкоповредениот шеесетгодишен белгиски државјанин со возило на Итна помош за половина час ќе биде пренесен во Ургентниот центар во Скопје. Тој е повреден во сообраќајната несреќа, која се случи утрово околу 7.30 часот кај мостот пред Гевгелија. Во несреќата загина жената на повредениот, која била совозач. Тие со автомобил „тојота авенсис“ со белгиски таблички од засега непознати причини се судриле со камион-цистерна. Според првичните наоди на истражителите, најверојатно несреќата се случила откако пукнала предна гума од „тојотата авенсис“, која ја управувал странецот. Веднаш потоа, тој загубил контрола над возилото, кое удрило во празна цистерна која во критичниот момент минувала крај него.

Белгиецот бил пренесен во гевгелиската болница, бил контактибилен, свесен дека е во болница, но не се сеќавал на ништо по несреќата. Двајцата биле пензионери и биле на летен одмор во Грција, а се враќале дома. Лекарите велат дека ќе причекаат нивните колеги во Скопје да го стабилизираат за да можат истражителите да му соопштат дека во несреќата загинала неговата сопруга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top