Украина разгледува увоз на течен гас од Хрватска во рамки на проектот Јадрански гасен коридор, соопшти украинската компанија за транспорт на гас Укртрансгас.
Главниот инжинер на Укртрансгас Олег Михалевич, според соопштението на таа компанија, на меѓународниот семинар за енергетска индина и безбедност во Тбилиси рече дека Киев ја разгледува можноста за приклучување на проектот Јадрански гасен коридор, кој го иницира Хрватска, а го поддржаа Унгарија и Европската комисија. Според зборовите на инжинерите, гасот во Украина би се испорачувал од ЛНГ терминалот, кој Хрватска го гради на островот Крк во Јадранското море.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


