| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Груевски со економски тим во Јапонија, во Кореја и во Кина

gruevski500

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски од денеска ќе престојува во неколкудневна посета на повеќе држави од азискиот континент, Царството Јапонија, Република Кореја и Народна Република Кина.

Груевски ќе ја предводи владината делегација во чиј состав се и заменик претседателот на Владата и министер за финансии, Зоран Ставрески, министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, Бил Павлески, директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо и владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.

Како што соопшти владината прес-служба, во рамки на посетата премиерот Груевски и делегацијата на Владата ќе остварат политички средби со претставници на овие држави, региони и области, ќе присуствуваат и ќе се обратат на бизнис форуми организирани од Фајненшл Тајмс за презентација на поволностите кои нашата земја ги овозможува за реализација на странски инвестиции, а ќе остварат и посета на болници во функција на засновање на соработка во здравството. Делегацијата и премиерот Груевски ќе имаат и средби со менаџерски тимови на компании кои се заинтересирани за инвестиции во Македонија или пак имаат донесено одлуки за инвестиции, како и со претставници на економски субјекти со кои нашата земја остварува соработка.

Премиерот Груевски од денеска ќе престојува во официјална посета на Царството Јапонија, при што ќе оствари средби со принцот Нарухито и со премиерот Шинзо Абе, и со други политички или економски функционери од Јапонија.

Македонската владина делегација во Токио ќе присуствуваат и ќе се обратат на бизнис форум за промоција на поволностите кои Република Македонија ги нуди за реализација на странски инвестиции, кој се организира во соработка со Фајненшл Тајмс.

Во функција на овозможување на услови за соработка во областа на здравството, премиерот Груевски ќе оствари и посета и средба со менаџерскиот тим на болницата Токио Џенерал Хоспитал (Тokyo General Hospital).

Премиерот Груевски и членовите на владината делегација ќе присуствуваат и ќе се обратат на бизнис форум организиран во соработка со Фајненшл Тајмс, за презентација на добрите услови за инвестирање во Република Македонија, кој ќе се одржи во Сеул, Република Кореја.

Македонската владина делегација ќе го посети и Специјалниот административен регион Хонг Конг, кој е дел од Народна Република Кина. Премиерот Груевски ќе оствари средба со претседателот на Извршниот совет на Хонг Конг, Ленг Чун-јинг.

Владината делегација предводена од премиерот Груевски ќе ја посети хонгконгшката болницата Квин Мери (Queen Mary), каде ќе се разговара за соработка на двете страни во областа на здравството, а ќе се обрати и на бизнис форум организиран од Фајненшл Тајмс.

Делегацијата на Владата предводена од премиерот Никола Груевски, во Народна Република Кина ќе го посетиа градот Гуангжу кој претставува седиште на мултинационалната компанија „Веибо“ која веќе има донесено одлука за инвестиција во Република Македонија и отворање на фабрика во североисточниот реон на нашата земја каде што е предвидено вработување на 5.000 лица во рамки на капацитетите на компанијата. Владината делегација ќе оствари средба со врвниот менаџерски тим на компанијата „Веибо“ каде што ќе се разговара за понатамошната реализација на инвестицијата и за можности за понатамошна економска соработка. Премиерот Груевски ќе оствари и средби со политичките претставници на регионот Гуангдонг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top