Денеска во Основниот суд Скопје 1 се очекува да биде изречена пресудата за случајот „Монструм“, откако првично закажаното изрекување беше одложено поради здравствени проблеми на судијата Ивица Стефановски.
Двајца од обвинетите, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се осомничени дека се директни извршители на убиствата сѐ уште се во затвор во Приштина и не се екстрадирани.
Тие се осудени на затворски казни од две и две и пол години затвор (од лани во март) за недозволено поседување оружје. Македонија веќе подолго време бара нивна екстрадиција, но засега нема никакво официјално објаснување зашто не се прави тоа. Во судот во Скопје на клупата на обвинети денеска ќе бидат Агим Исмаиловиќ, Фејди Азири, Сејди Рама, Хаки Азири и Сами Љута. Тие тврдат дека се невини и дека се наместени.
Обвинителката Гордана Гешковска побара најстроги казни за обвинетите со образложение дека свесно ги масакрирале петтемина Македонци на Велигден само за да предизвикаат страв кај православното население.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Откриена ДНК од четири лица во „омегата“ кај Смилковското Езеро
-
Скандал во македонското судство: Судот закажа 37 рочишта за уметниците, а за убијците на 5 лица само едно
-
Заштиениот сведок препозна неколкумина обвинети за „Монструм“
-
Се служите со истите финти како и претходниот судија – семејствата на убиените бурно реагираа на одложувањето на рочиштето на „Монструм“