При градежни работи во сараевската населба Бољаков Поток, пронајдена е неексплодирана авионска бомба тешка половина тон, соопшти в.д. директорот на Федералната управа за цивилна заштита на Босна и Херцеговина, Фахрудин Солак.
– Веројатно се работи за бомба која останала уште од времето на Втората светска војна. Тоа е бомба со голема разорна моќ. Ги преземавме сите мерки за да го заштитмен населението, нагласи Солак.
Тој информира дека локацијата околку бомба е оградена и дека експлозиваната направа се подготвува за транспорт на безбедна локација.
Солак најави дека е можно пред поместувањето на бомбата да биде спроведена и евакуација на населението што живее близу локацијата на која се наоѓа експлозивната направа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.