Агенција за млади и спорт изразува длабоко сочувство до фамилијата и најблиските на македонскиот кошаркарски репрезентативец Филип Сотиров, кој ненадејно почина синоќа.
– Со неверување, голема болка и неизмерна тага ја примивме информацијата за трагичната смрт на 15-годишниот кошаркарски репрезентативец на Македонија, Филип Сотиров. Филип Сотиров, еден од најталентираните и најперспективните играчи во Македонија, репрезентативец во младинските категории и член на Партизан Водно Санс, почина во саботата на само 15 години. Загубата е ненадоместлива.
Смртта на Сотиров предизвика голема тага и силна болка кај сите нас и голема загуба за македонската кошарка, се вели во соопштението од Агенција за млади и спорт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


