Брендот на историјата на светското новинарство, весникот „Интернешанл Хералд Трибјун“, наскоро ќе се преименува во „Интернешанл Њујорк Тајмс“. Одлуката за промена на името е дел од напорите на медиумската група „Њујорк тајмс“ да го прошири присуството на весникот надвор од границите. Новото име ќе почне да се користи во текот на оваа година, а весникот планира да ангажира уште коментатори и репортери.
Генералниот директор Марк Томпсон во писмена изјава истакна дека анализата извршена од страна на компанијата покажала потенцијал за зголемување на читателите и надвор од САД.
Медиумската групација „Њујорк Тајмс“, која е сопственик на весниците „Њујорк Тајмс“ и „Интернешанл Хералд Трибјун“, што се издава во Париз, во последниот квартал од минатата година оствари приход од 468 милиони долари, што е шест отсто повеќе отколку во истиот период од 2011 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Слабиот одѕив на референдумот во Македонија е удар за Запад, пишуваат германските медиуми
-
Договорот со Македонија, главна тема во грчките медиуми: „Направивме компромис со Северна Македонија“
-
Димитров ќе потроши 2,6 милиони денари за набавка на странски весници
-
Груевски: Владата што ги „гуши“ медиумите, од 2018 г. ќе ги субвенционира весниците