| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија: Почина 15 годишен македонски кошаркар

Река од солзи и остра болка во срцето кај сите што го познаваа предизвика информацијата за ненадејната смрт на кошаркарскиот репрезентативец на Македонија, 15-годишниот Филип Сотиров, кој почина денеска во претпладневните часови, јавува Спортмедиа.

Како што пишува спортскиот портал, станува збор за член на националната селекција до 14 години, која лани настапи на неофицијалното Европско првенство (ЕП) во Словенија и играч на еден од најдобрите екипи во младинските категории кај нас, Водно санс.

Нема информации во какви околности починал Филип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top