| четврток, 6 декември 2018 |

Пешевски: Му помaгаме на бизнис секторот

Беше усвоен и предлогот нивелирање на казните за македонските компании, во зависност од големината на компанијата. Тоа значи дека малите дуќанчиња ќе плаќаат многу помали казни од големите компании

pesevski_g_5

Со неколку нови мерки, Владата ќе му помага на бизнис секторот. По вчерашната владина седница, премиерот Никола Груевски ги најави овие мерки.

Беше усвоен и предлогот нивелирање на казните за македонските компании, во зависност од големината на компанијата.  Тоа значи дека малите дуќанчиња ќе плаќаат многу помали казни од големите компании.

Оваа многу важна мерка, денес ја образложи вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, кој гостуваше во вестите на Сител.

-Оваа мерка е донесена по барање на бизнис заедницата барање. Казните некогаш беа многу ниски, па драстично се зголемија. Ние сега ја правиме најзначајната корекција. Фирмите кои имаат мал број на вработени и низок промет, ќе плаќаат драстично помали глоби, рече Пешевски.

Одмерувањето на висината на глобата за правните лица и трговците поединци ќе се врши врз основа на следните критериуми: вкупен приход остварен во претходната фискална година, просечен број на вработени, врз основа на состојбата на крајот на претходниот месец и претходно поведение на сторителот.

-На пример, прекршок  кој чини 10.000 денари, од сега фирма која има промет до 500.000 и до  9 вработени, ќе плати само 1500денари. Голема фирма со над 250 вработени, ќе ја плати вкупната сума на казната, односно 10.000 денари. Ова е фер и коректно кон бизнис заедницата. Очекуваме да нема негативни ефекти какви што имаше од претходната санкциона политика. За одредени прекршоци имаше високи казни. Без лиценца ако продавате алкохол казната е 8000 евра.  Ако ваков прекршок направи  дуќан со еден вработен тоа ќе  значеше затворање на дуќанот  и 1 социјален слиучај. Сега фирмата ќе може да опстане заради помалата казна, рече Пешевски.

Целта на овие законски измени е воведување на поголема правичност во изрекувањето на прекршочните санкции од страна на прекршочните органи.

Владата на вчерашната седница ја усвои Информацијата и Акцискиот план на Македонската банка за поддршка на развојот за почеток со реализација и користење на четвртата евтина кредитна линија за македонските компании, чија вредност е нови 100 милиони евра, при што Владата ја субвенционира и каматата која изнесува 5,5%.

Првите 15,3 милиони евра за 66 претпријатија ќе можат да почнат да се влечат веќе од втората половина на месец јули 2014 година.

Кредитните средства, нагалси,  и понатаму ќе се обезбедуваат со мошне поволна каматна стапка од само 5,5 % и истата е фиксна, непроменлива за целокупниот период на отплата на кредитот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top