Штипските археолози по речиси половина век ја открија некрополата на локалитетот Баргала, кај местото Џамалџиски гробишта.
Раководителот на археолошките истражувања на Барагала од Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип, Митко Штерјов информира дека се откриени девет гроба, од кој последниот на маж што веројатно бил голем воин. Според наодите, станува збор за периодот од 2 до 4 век.
– Мислам дека сега сме на патот слободно да кажеме дека се работи за некрополата на Баргала, бидејќи со овогодишната акција откривме неколку работи со кои можеме да ја детерминираме периодично и сметаме дека е од периодот од вториот, односно трети и четврти век. Наодите не упатуваат на тоа. Најдовме една гема од прстен со претстава, односно со ликот на Артемида или на Дијана, која е карактеристична за третиот век. Гробот број девет е со повеќе наоди има четири белегзии, два прстена и една војничка секира, која не упатува дека се работи за некој војник великодостоец, изјави Штерјов.
Археолозите од Штипскиот Музеј во моментов работат и на градската базилка и на средовековната некропола, кај црквата Свети Ѓорѓија, која се поврзува со мисијата на Свети Кирил и Методиј.
– Доказ ни е црквата Свети Ѓорѓи, што е од деветти или десетти век и некрополата околу неа. Можеме со сигурност да кажеме дека и тоа е една од црквите, која била во онаа мисија на Кирил и Методиј за покрстување на Словените, рече Штерјов.
Локалитетот Баргала се простира на површина од 4,5 хекатри, а според археолозите на ова место живееле од 4.000 до 5.000 жители. Археолошките истражувања се финансирани од страна на Министерството за култура, а ќе се одвиваат и во текот на наредниот месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.