Екипите на ЈП Улици и патишта денеска ги пуштија во функција новите пешачки семафори кај ТЦ ,,Бисер“ и ТЦ „Капитол Мол“. Во изминатиот период четири семафорски столбови за пешаци беа поставени на булеварот „Јане Сандански“, на пешачкиот премин помеѓу ТЦ „Капитол“ и „Бисер“.
Овој проект е реализиран по налог на Град Скопје, а со цел за поголема сигурност и безбедност на пешаците во сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


