
„Холивуд репортер“ направи избор на 100 најдобри холивудски филмови, ранг-листата е направена врз основа на критериумите на луѓето кои се дел од холивудската машинерија. Своите фаворити ги одбираа продуценти, режисери, сценаристи, актери…
– Не ми се допаѓа идејата. Тоа е како некој да ви даде полна ќеса со играчки, а вие мора да одберете само пет – изјави продуцентот на популарната серија „Брекјинг бет“, Винс Џилијан.
Сепак, кој ги прати своите пет фаворити до списанието „Холивуд рипортер“, заедно со уште 2.120 филмски уметници и работници од Холивуд.
Во анкетата на списанието учестувале и Џим Џианопулос, директорот на „Фокс“, Ален Хорн, шеф на „Дизни“, режисерот Гери Рос, продуцентот Френк Маршал, Сју Крол од „Ворнер“, агентот Роберт Њумен и други ѕвезди.
Резултатите за некого можеби ќе бидат изненадувачки, листата е комерцијална повеќе отколку што се очекуваше, но, сепак, станува збор за Холивуд.
На пример „Враќање во иднината“ доби повеќе гласови од „Лоренс од Арабија“, а филмовите како „Сладок живот“ и „Златна грозница“ не се најдоа на листата.
Режисерите, агентите и сценаристите најмногу гласвои дале за „Кум“, директорите на фотографија за „2001: Одисеја во вселената“, а холивудските адвокати и административни работници го одбрале „Бекство од Шошенк“.
Ви ги престсавуваме 10. најдобри холивудски филмови од вкупно 100 кои се на листата.
1. Кум (1972)
2. Волшебникот од Оз (1939)
3. Граѓанинот Кејн (1941)
4. Бекство од Шошенк (1994)
5. Валкани приказни (1994)
6. Казабланка (1942)
7. Кум 2 (1974)
8. И.Т. вонземјанинот (1982)
9. 2001: Одисеја во вселената (1968)
10. Шиндлеровата листа (1993)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


