| четврток, 6 декември 2018 |

Дечиња во паника, скокнале во Брегалница да се спасат од ротвајлер

Scharfes Weiß aus dem Dunkel

Штипјанец кој сакал да ги прошета своите две малолетни деца покрај реката Брегалница, во близина на бањата Кежовица, морал да се спасува од куче ротвајлер, кое не само што немало заштитна маска, туку и неговиот сопственикот воопшто не бил заинтересиран да реагира на паничните повици на децата, објави Канал 77.

Никој не е повреден ниту искасан, но стравот и паниката биле преголеми кај децата, кога кучето тргнало кон нив, а таткото немајќи како и каде да ги заштити децата, заедно со нив влегол во реката.

Сопственикот на кучето не реагирал на нивните повици да го оддалечи кучето. Таткото вели дека преку институциите ќе ја истера целата процедура.

Од МВР потврдија дека ваков случај е пријавен, но не како напад туку пријава за сопственикот на куче водено и без надзор и заштитна маска. Порпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова, вели дека се работи на расчистување на случајот, но прво треба да се најде сопственикот против кого ќе биде поднесена и прекршочна пријава. Конкретниот случај го регулира законот за јавен ред и мир.

Според член 29 „кој без заштитни средства, без надзор и невнимателно држи кучиња и други опасни животни кои можат да престрашат или повредат ќе му се изрече глоба во износ од 100 до 400 евра“.

Минатата година речиси на истото место, покрај реката Брегалница, ротвајлер искаса момче кое што како и преплашениот татко, се обидело во водата да се спаси од разбеснетото куче. Случајот требаше да оди на суд, но се заврши со парична спогодба

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top