| четврток, 6 декември 2018 |

Најниска плата во земјоделството 10.650 денари

zemjodelci-520x313

Вкупно 10.650 денари ќе биде најниската плата во секторот земјоделство. Ова е договорено со Спогодбата што ја потпишаа Агро-синдикатот на Република Македонија здружен во Сојузот на синдикатите како репрезентативен синдикат во дејноста тутунско стопанство и репрезентативното здружение на работодавачите при Организацијата на работодавачи од истата дејност.

– Овој износ претставува пресметковна вредност при пресметување на платите согласно коефициентите на сложеност утврдени во колективниот договор. Во првата група на работни места која се однесува на работници во работен однос на неопределено време, за најниското работно место основната нето плата изнесува 12.780 денари, соопшти Агро- синдикатот.

Склучен е и Колективен договор за истата дејност со кој се изврши усогласување и продолжување на постоечкиот колективен договор за вработените во тутунското стопанство со општо колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството и најновите измени на Законот за работни односи. Пречистениот текст на колективниот договор наскоро ќе се објави во Службен весник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top