Поради обилни врнежи од дожд во текот на изминатата ноќ на патот Кичево – Охрид, поточно на 140-от километар Скопје – Охрид, меѓу Извор и Подвис има поголем одрон од околу 70 метри кубни
Одронот ги има зафатено двете сообраќајни ленти. Сообраќајот се одвива отежнато и е регулиран од сообраќајна полиција.
Екипите на „Македонија пат“ работат на расчистување на одронот и на целосна нормализација на сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



