| четврток, 6 декември 2018 |

Ангела Меркел доби мобилен телефон со заштита од прислушкување

меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел доби нов мобилен телефон кој има заштита од прислушкување, една година откако Едвард Сноуден ја објави големата афера за прислушкувањето која ја спроведе Националната безбедносна агенција, објави „Билд“.

Канцеларката добила „Блекбери К10“ опремен со посебен чип.

За да воспостават сигурна врска и соговорниците на Меркел мора да имаат мобилни телефони со сличен чип.

Ваков мобилен телефон има и американскиот претседател Барак Обама.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top