При промоцијата на системот на неговата нива посадена со пченка Фејзулаи рече дека очекува зголемено прозводство. – Лани имав 6-7 тони по хектар, а годинава очекувам да оставарам околу 15 тони производство – изјави Фејзулаи.
На презентацијата присуствуваше и амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс кој рече дека овој систем е економски и еколошки исплатлив.
– Минатата година бевме сведоци на неверојатни резултати,имавме раст од 50 проценти на производството во Полог и Пелагонија – рече Волерс, додавајќи дека овој систем им помага на фармерите да заштедат време, вода, што го прави системот многу поефикасен, а воедно има помалку загадување.
– Има повеќе производство, помалку време, помалку вода, повеќе приходи за сите – нагласи Волерс.
Од приватната компанија Млекара „Здравје Радово” го поддржуваат овој проект на УСАИД за развој на мали бизниси, конкретно за одгледување пченка. – Посебно сме горди, затоа што се тоа наши кооперанти, сакаме да се развиваат и да ја зголемат профитабилноста – рече Јован Дабевски од млекарата „Здравје Радово”
Од Федерацијата на фармери на Македонија очекува бенифити со овој проект при производството на пченка и во прехранбената индустрија.
– Вредноста е што на овој проект е што директно им се објаснува на земјоделците дека со примена на агротехничките мерки по пропис се добива зголемување на производството – рече Љупче Станковски од Федерација на фаремери на Македонија.
Пратеникот Мирван Џемаиљи, пак, истакна дека проектот ќе озовможи бенефит за земјоделците од Кумановско и оти нуди теоретска и пректична помош при користење на нови технологии во земјоделството.
Целта на четиригодишниот Проектот на УСАИД за ескпанзија на малите бизниси е поттикнување на економскиот развој на регионално ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трајковска: Во април програмата „Реално“ предвидува нов проект за 80% поддршка за системи капка по капка и ископ на бунари
-
Од идната година 80 отсто поврат на инвестициите за „капка по капка“ и за расни грла
-
Промовиран новиот мобилен систем за снимање со камери
-
Русите создадоа уникатен систем против телефонското прислушување



