| четврток, 6 декември 2018 |

Тесниот фустан, стимул за слабеење

јени

Пејачката во април се обратила кај психолог за вежби за тело. Последните пет недели целосно го променила начинот на исхрана и дополнително го затегнала своето мускулесто тело.

Џенифер Лопез е една од оние дами кои со текот на годините изгледаат сѐ подобро. Трите пропаднати бракови, две деца и бројните љубовни бродоломи само ја направиле посилна оваа убавица. Џеј Ло за магазинот „Ус Викли“ раскажала како во последните пет недели го затегнала телото за да облече фустан со помал конфекцијски број.

– Мора да се вежба и мора да се внимава што се јаде. Сето тоа е задолжително – изјавила пејачката која секој ден игра по шест часа за да биде во одлична форма.

За одличниот изглед на Џеј Ло се заслужни напорните вежбања како и веганската исхрана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top