| четврток, 6 декември 2018 |

Автомобил влета во скопска кафетерија

Ниеден од неколкумина посетители во кафетерија во скопската населба Сарај, за среќа, не е сериозно повреден откако вчеравечер, од засега непознати причини, автомобил „ауди“ со скопски таблички со голема брзина влетал во локалот, објави Алмакос.

Од силниот удар e причинета само голема материјална штета, а искршен и уништен е голем дел од инвентарот.

Од полицијата велат дека по извршениот увид почнале истрага за инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top