| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Никола Груевски се сретна со британските парламентарци Доел и Ламли

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски оствари средба со парламентарците од Велика Британија, Гема Доел и Карен Ламли. На средбата, како што информираат од владината прес служба се разговарало за повеќе актуелни теми и прашања за кои соговорниците разменија мислења.

Премиерот Груевски ги запознал соговорниците со реформите и мерките кои се преземаат и имплементираат во насока на исполнување на критериумите за влез во НАТО и отпочнување на преговори со ЕУ, како и мерките кои се во функција на подобрување на стандардот на граѓаните.

-За Република Македонија е од значење добивањето на поддршка од  Обединетото Кралство во остварувањето на стратешките цели, истакнал Груевски,  при што изразил благодарност за досегашните заложби со очекување дека во периодот што претстои таквата поддршка ќе биде интензивирана.

Тој го изразил задоволството од развојот на односите со Велика Британија, како на политичко, така и на економско ниво, што може да се забележи со повеќе инвестиции кои доаѓаат токму од Велика Британија.

Груевски посочи дека тоа е добра основа за дополнително интензивирање на економската соработка преку искористување на расположливите потенцијали, на што активно како Влада се работи, за што потврда се и неколкуте економски посети на Обединетото Кралство кои ги остварија владини делегации, се вели во соопштението.

На состанокот се разговарало и за актуелни  теми, прашања  и предизвици од повеќе сфери, при што биле разменети мислења и согледувања за начините за нивно надминување, за што премиерот Груевски искажал отвореност и волја да се разговара и да се унапредат процесите

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top