Голманот и капитенот на чиленската репрезентација Клаудио Браво потпиша четиригодишен договор со каталонскиот гигант Барселона.
Овој 31 годишен голман пристигнува во Барса по осумгодишен престој во Реал Сосиедад. Барселона за овој трансфер издвои 12 милиони евра. Тој е на голот на чилеанската репрезентација уште од 2006 година, а последните две години ја носи и капитенската лента. Клаудио Браво е еден од најзаслужните што неговата репрезентација се пласираше во осминафиналето каде ќе игра против домаќинот Бразил.
Пред него за Барселона веќе потпиша германскиот голман од редовите на Борусија Менхенгладбах Марк Андре Тер-Штеген.
Во овој период клубот го засилија и Иван Ракитиќ и Рафа Алкантара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.