| четврток, 6 декември 2018 |

Гостивар отвора градинки во Дебреше и Циглана

Detska_gradinka_Velgosti_4854Околу двесте дечиња на возраст од од 3 до 6 години ќе бидат вклучени во предучилишна програма со отворање на центри за ран детски развој во селото Дебреше и населбата Циглана. Соработката за основање на двата центри, беше официјализрана со потпишувањето на меморандумот за соработка помеѓу Општина Гостивар и УНИЦЕФ. Градоначалникот, Невзат Бејата вели дека за прв пат се отвораат градинки надвор од централното градско подрачје, а тоа ќе биде олеснување за родителите кои заради своите работни обврски досега се снаоѓаа околу воспитувањето и чувањето на децата.

– За прв пат се отвораат две предучилишни установи надвор од градот. Во иднина и децата од градот и руралните средини ќе бидат рамноправни и ќе добијат исти услови за развој, рече градоначалникот Бејта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top