| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска ќе го користи тајниот проект на Тито- Нептун

Супер тајниот воен проект Нептун на Јосип Броз Тито создаден за управување со ракетниот систем на поранешната ЈНА хрватската влада ќе го користи за обединување на комуникациската мрежа во јавните претпријатија, пишува хрватски Јутарњи лист.

Заборавениот проект чија мрежа се протега од Бриони до Бока Которска ќе овозможи широка примена на интернетот и инфраструктурата на оптичката мрежа која веќе не би била само во сопственост на телекомуникациската компанија, туку и на државата.

Мрежата би била долга околу 3.000 километри со што целосно би бил покриен копнениот дел на Хрватска.

За поврзување на брегот и островскиот дел на Хрватска ќе се искористат каблите кои од 1974 година до 1990 година ги поставила ЈНА под морското ниво.

За супер тајниот проект Нептун малку се знае во јавноста затоа што голем дел од документацијата е уништена. Во цевките кои биле поставени за управување на ракетните системи и за централизација на комуникацијата има бакарни жици кои треба сега да се променат со оптички кабел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top