| четврток, 6 декември 2018 |

И Горниот дом на Думата гласаше за укинување на резолуцијата за употреба на воена сила во Украина

На барање на претседателот на Русија, Владимир Путин, Горниот дом на рускиот парламент денеска укина резолуција со која на Путин му се дозволуваше употреба на воена сила во Украина.

За укинување на резолуцијата, изгласана на 1 март, „за“ беа 153 пратеници и само еден беше против.

Според неименуван пратеник, „тоа е акт на добра волја за да се помогне во мировните напори во Украина“.

– Но, резолуцијата во краток рок може да се врати – додаде тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top