Русија денеска изрази очекувања дека Киев и меѓународната заедница ќе покажат позитивни сигнали откако рускиот претседател Владимир Путин отфрли можност за напади.
– Сметаме на позитивни сигнали кои сега рускиот претседател ги испраќа, како и дека ќе се слушне во светот пред се, во Украина – изјави Григориј Карасин, заменик министер за надворешни работи.
Путин во вторникот побара од руските пратеници да ја укинат резолуцијата од 1 март со која му беше дозволено да испраќа воени сили во Украина. Се очекува денеска Горниот дом на Думата да гласа за укинување на резолуцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.