| четврток, 6 декември 2018 |

Почина најстариот добитник на „Оскар“

Њујоршкиот актер Ели Валак, најпознат по улогите во вестер филмовите „Добриот, лошиот и грдиот“ и „Седумте величествени“, почина денеска на 98-годишна возраст.

Валак во својата долга кариера има играно во повеќе од 150 филмови, а најзапаметена улога од поновата историја му беше онаа во филмот „Одморот“, каде играше покрај Кејт Винслет.

Тој е добитник на наградата „Тони“, а во 2010 година беше одликуван и со почесен „Оскар“, со што стана најстариот актер кој некогаш ја примил наградата.

Валак и неговата сопруга, актерката Ен Џексон, беа во брак 66 години и имаат три деца.

83rd Academy Awards - Arrivals

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top